„Дајнерс Клуб Македонија“ претстави апликација за iOS уреди

Од:

Денеска во салонот на „Дајнерс Клуб“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол беше промовирана бесплатната апликација DinersClubMK на „Дајнерс Клуб Македонија“, специјално изработена од „Дуна Компјутери“ за iOS уредите на „Епл“, „ајфон“, „ајпад“ и „ајпод тач“. Се работи за прва апликација од ваков тип во Македонија изработена за финансиска институција, а втора на светско ниво на DCI.

Апликацијата овозможува брз и едноставен пристап до сите новости поврзани со „Дајнерс Клуб Македонија“, следење на промоции, секојдневни попусти и понуди на денот, како и преглед на сите продажни места во Македонија. Корисниците на апликацијата можат да пребаруваат банкомати, трговски центри или продажни места по категории, градови и оддалеченост, додека преку овозможени геолокациски услуги се нуди најблиската локација до корисникот.

Би можело да ве интересира

Откажан најголемиот саем за мобилни телефони во светот поради коронавирусот

Драган Поповски

Сеавус талент програма за IT операции и поддршка

Ана Ололовска

Заработувачката на Хуавеј Технолоџи се зголеми за 28,1 отсто

Ана Ололовска

Робот диригираше со оркестар на концертот на Бочели во Пиза

Ана Ололовска

Аудио плеер за лица со посебни потреби

Ана Ололовска

Паметниот часовник на „Епл“ наскоро влегува во производство

Емир Латифовиќ