Дајмлер ќе плати 1,5 милијарди долари за скандалот со тестовите

Од:

Германскиот производител на автомобили „Дајмлер“ и неговата подружница „Мерцедес-Бенц САД“ се договорија со американските власти да платат 1,5 милијарди долари за повлекување на тужбите поднесени за измама на тестовите за издувни гасови.

Договорот вклучува и парична казна од 875 милиони долари.

– Денеска испраќаме јасна порака: ќе го спроведуваме законот и ќе ги заштитиме животната средина и јавното здравје, рече претставникот на Агенцијата за заштита на животната средина на САД, Ендру Вилер, на прес-конференција.

„Дајмлер“, заедно со „Фолксваген“, се најде во група производители на автомобили обвинети за кршење на прописите за загадување на животната средина и измама на тестови за издувни гасови за дизел возила за да се намали резултатот од штетните емисии.

Договорот со Министерството за правда на САД предвидува и независно тестирање на емисиите на штетни гасови од дизел моторите на „Дајмлер“.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски