Цветков: Не се размислува за реципрочни мерки кон Хрватска

Од:

Само една винарија од Македонија засега има проблем со извоз на хрватскиот пазар, соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков.

Како што информира, визбите – извозници на состанок минатата недела му предочиле дека генерално, немаат проблем со пласманот иако Хрватска почна со примена на Правилникот според кој, анализите за безбедност на виното пред пуштањето во промет траат повеќе од 30 дена.

– На мое барање, имам писмо од министерот за земјоделство на Хрватска кој уверува дека во Правилникот кој се однесува на регионот, вклучувајќи ги Македонија, Србија, Косово, нема ништо посебно направено кон нас. Од тие причини се уште не се размислуваме за воведување какви било реципрочни мерки, напомена Цветков, одговорајќи на новинарски прашања по промоцијата на теренските возила за Шумската полиција.

Проблемот со извозот на вино во Хрватска се следи поради што се одржани средби и со Министерството за надворешни работи, како и со Секретаријатот за европски прашања. – Засега нема посериозни пречки за извоз на вино во Хрватска, потенцира министерот Цветков.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ