Црвено и бело македонско вино се продава во Вашингтон

Од:

Четири видови македонско вино се продаваат во продавницата Мекартур на семејството Басин во Вашингтон, која е една од најстарите од ваков тип во градот. Тука се купува вино од 1957-ма, а меѓу муштериите, низ годините -претседатели, боксерски шампиони и други познати лица.

Како што пренесува Гласот на Америја на Македонски јазик, во продавницата Мекартур се продаваат 5.000 видови на вино од 30-тина држави. Годишниот обрт на оваа продавница е 12 милиони долари.

Четириесет и четиригодишниот Џон Фитер, снабдувач и консултант за вина, во бизнисот е повеќе 20 години. Македонското вино го открил лани, на дегустација во македонската амбасада во Вашингтон.

– Грозјето е различно. Во вината се користи домашно македонско грозје од тоа поднебје и затоа вкусот е покомплексен од другите сорти. Вранецот е најбаран, поради неговата комплексност и длабочина на вкусот. Засега продавницата нуди само четири вина од Македонија, затоа што толкав број и се достапни, вели Фитер.

Покрај Вранецот, додава, муштериите може да купат и Жилавка, Кратошија и Ркацители.
Најефтиното вино во продавницата чини неколку долари, но за оние со префинет вкус и ултра-длабок џеб, има и такво што се продава по 14.700 долари по шише. Најскапото вино во оваа продавница доаѓа од јужна Франција.

За конкурентноста на македонското вино, Фитер вели дека може да се натпреварува со некои вина од Чиле, Аргентина, за цената по која се продаваат.

– Тоа е битно. Кога има квалитетно вино по релативно ниска цена, но е малку различно по вкусот – тогаш оди лесно, додава тој.

Како најголем проблем за македонското вино, во продавницата ја истакнуваат недоволната промоција на кватитетните црвени и бели вина кои Македонија ги нуди на овој пазар.
За вината од другите земји од Балканот вели дека, исто како и македонските, се нови на пазарот, но се пробиваат до муштериите.

Како еден од шестмината професионални дегустатори во продавницата, специјализирани за различни сорти на вина, Фитер го смета главниот град на САД за винска мека и , како што вели, Вашингтон е поинаков од другите делови на САД, бидејќи е софистициран и образован пазар на вино.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница