Црногорците најзадолжени на Балканот, тврди директорот на Балканскиот бизнис центар

Од:

Финансиското здравје на Црна Гора е сериозно оштетено, бидејќи задолженоста од стекнувањето независност во 2006 година се зголеми за речиси 300 отсто, додека за истиот период, бруто домашниот производ (БДП) порасна за само 45 отсто, изјави во интервју за „Вијести” директорот на Балканскиот бизнис центар, Бранко Драгаш.

– Вкупниот долг на Црна Гора на крајот од 2018 година изнесуваше 3,09 милијарди евра. Ако знаеме дека во 2006 година, кога Црна Гора се осамостои, тој изнесуваше 701 милиони евра, јасно е дека независна Црна Гора има рекорден долг од 2,3 милијарди евра или 192 милиони евра годишно. Црна Гора има 620.029 жители, и тоа значи дека секој граѓанин должи околу 5.000 евра , истакна Драгаш.

– Од 2006 година, Црна Гора има годишен економски раст од 3,5 отсто, што значи дека БДП порасна кумулативно за 45 проценти, но задолженоста се зголеми за речиси 300 проценти. Како може со седум пати поголема задолженост од економскиот раст да се обезбеди финансиска стабилност? Тоа е невозможно… Како кога платата на 52 отсто вработени е 250 евра и како кога преку 52.000 млади луѓе се невработени, повеќе од 20.000 деца живеат во апсолутна сиромаштија, а над 65 отсто од пензионерите не можат да состават крај со крајот. Ќе има се повеќе и повеќе сиромашни и се помал број богати, вели Драгаш.

Би можело да ве интересира

Црногорската војска го спаси Ивица Костелиќ од морето кај Улцињ

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“