Црна Гора го зголемува ДДВ од 17 на 19 отсто

Од:

Црногорскиот вице-премиер за економска политика Вујица Лазовиќ денеска најави зголемување на данокот на додадена вредност од сегашните 17 на 19 отсто.

Тој истакна дека зголемувањето на ДДВ-то треба да се реализира до почетокот на летото, додавајќи дека црногорската Влада планира на тој начин да собере дополнителни 40 милиони евра.

Лазовиќ нагласи дека негово лично мислење е дека „Комбинатот за алуминиум Подгорица“ (КАП) нема иднина и дека вештачкото одржување на производството во ова претпријатие само може да причини поголема штета.

Би можело да ве интересира

Четворица српски државјани повредени во сообраќајка во Црна Гора

Мелони е уверен дека Црна Гора ќе стане 28-та членка на ЕУ

Земјотрес ја погоди Црна Гора

Црногорската војска го спаси Ивица Костелиќ од морето кај Улцињ

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски