Цитроен Ц4 Гранд Пикасо на зимско тестирање

Од:

Францускиот производител на автомобили Цитроен подготвува нова генерација на моделот Ц4 Гранд Пикасо, кој ќе биде претставен кон крајот на годината, а во продажба се очекува во 2014 година.

Фотографите на магазинот „worldcarfans.com“ направија неколку фотографии на Ц4 Гранд Пикасо за време на неговото зимско тестирање.

Моноволумецот со седум седишта ќе биде придвижуван од добро познатите 1,6 литарски ХДИ мотор со 90 о 110 коњски сили и поголемиот 2,0 литарски ХДИ мотор со 150 коњски сили.

Од бензинските мотори достапни ќе бидат ВТИ моторот со 95 и 120 коњски сили и ТХП моторот со 155 коњски сили разработен во соработка со германската компанија БМВ.

Ц4 Гранд Пикасо ќе добие и подобрен hybrid4 систем, познат од моделите ДС5 и Пежо 2008.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on