Ципрас: Грција поднесе конкретни предлози до кредиторите

Од:

Грција на кредиторите им испрати детален предлог со реформи, соопшти денеска грчкиот премиер Алексис Ципрас и ги повика европските лидери да го прифатат планот за да биде склучен долгоочекуваниот договор, јави дописникот на МИА од Атина.

– Грчката Влада преговара со план и стратегија и поднесе конкретни предлози. Дилемата сега е кај раководството на Европа. Преговараме со план и стратегија во тешки услови…Грција излезе со предлози, направивме отстапки – што е нормална практика во преговори, но поднесовме реален план за излез на земјата од кризата, рече Ципрас.

Според него, „исходот од преговорите ќе го означи крајот на поделбата на Европа“. Тој истакна дека „сега е јасно оти одлуката за тоа дали тие сакаат да се прилагодат на реализам и за излез од кризата без поделба на Европа им припаѓа на европските лидери“.

– Тоа не е само грчки проблем, тоа е европски и глобален проблем. Дилемата е меѓу реална опција за излез и поделба на Европа. Владата се движи со план и одлучност, и врз основа на огромното мнозинство на грчкиот народ, кој сака решение и не сака земјата да се врати на претходниот период на меморандуми, рече Ципрас.

Европските лидери и шефот на Меѓународниот монетарен фонд синоќа во Берлин одржаа вонреден состанок на кој разговараа за начините како да се избегне банкрот на Грција и се согласија да се интензивираат разговорите за судбината на земјата. Според извори запознаени со содржината на состанокот, целта на средбата била да се состави понуда која Грција може да ја разгледа во наредните денови.

Некои светски медиуми, од кои повеќето германски, денеска јавија дека до Атина е испратен нацрт-договор, кој всушност претставува конечен предлог од страна на кредиторите. Грчката Влада демантира дека добила предлог-договор од страна на кредиторите.

Би можело да ве интересира

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот