Ципрас го доби договорот, но го загуби мнозинството

Од:

Со 222 гласови „за“, 64 „против“ и 11 „воздржани“, грчкиот Парламент денеска го одобри новиот договор постигнат меѓу Владата и кредиторите за третиот пакет финансиска помош за државата.

Гласањето се одржа по седумчасовна дебата во која премиерот Алексис Ципрас го оквалификува договорот како „принуден избор“. Ципрас истакна дека до тој избор се стигнало откако државата била соочена со дилемата: „или меморандум со еврото или меморандум со драхмата“.

Но, ова гласање во Парламентот претставува „пирова победа“ за Ципрас, бидејќи иако доби „зелено светло“ за договорт, тој по се изгледа го загуби парламентарното мнозинство.

Имено, на денешното гласање за предлогот на Владата за прифаќање на договорот се изјаснија само 118 пратеници од редовите на парламентарното мнозинство, додека 42-ца гласаа против.

Грчките медиуми оценуваат дека бројот на „владини пратеници“ што го поддржаа договорот паднал под „психолошката бариера“ од 120 народни избраници, кои во двете претходни гласање во Парламентот ги поддржаа реформските закони што произлегуваат од договорот.

Противниците на договорот со кредиторите по денешното гласање се зголеми на 42 од досегашните 30 пратеници, со што се поставува прашањето дали Владата, која ја сочинуваат Сириза на Ципрас и партијата Независни Грци, се уште има мнозинство во Парламнетот.

Претставнци од редовите на Сириза сметаат дека резултаот од денешното гласање покажува дека во владејачкото мнозинство постои „институционална дисхармонија“.

Колкава и дали грчката Влада се уште ужива поддршка на мнозинството пратенци во Парламнетот, ќе биде познато по 20 август, за кога Ципрас најави дека ќе побара гласање за доверба на неговиот Парламент.

Ципрас го избра датумот 20 август, бидејќи тогаш доспева рокот за исплата на рата од кредитот на Грција кон Европската централна банка (ЕЦБ).

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит