Ципрас: Германија и ММФ си играат со Грција

Од:

Со владината стратегија на сервилност, Германија и ММФ си играат со Грција, изјави лидерот на опозициската Сириза Алексис Ципрас во Барселона, каде учествува на состанок на Обединетата левица.

Според него, додека Ангела Меркел не може да најде сојузник дури ни во германскиот Парламент, таа има неочекуван поддржувач во Европа, а тоа е Андонис Самарас и неговата Влада, јави дописникот на МИА од Атина.

– Не можеме да дозволиме Влада на која и недостасува сериозност да ја води земјата од еден пораз кон друг, губејќи го дури и последниот кредибилитет во Европа и светот. Уверени сме дека луѓето во Европа ќе му помогнат на грчкиот народ да направи голем пресврт, ја пренесуваат грчките медиуми изјавата на Ципрас.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски