ЧЕЗ одлучи да не „влегува“ во „Словачки електрани“

Од:

Раководството на Чешката енергетска компанија „ЧЕЗ” одлучи да не дава понуда за купување на 66 процентниот удел кој го има италијанската компанија „Енел” во фирмата „Словачки електрани” (СЕ), соопшти портпаролот на чешкиот гигант Ладислав Криж.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, една од причините меѓу другото е и неодамнешната изјава на словачкиот премиер Роберт Фицо, дека словачката Влада се противи на тоа ,,Енел” да го продаде својот удел во СЕ додека најголемиот словачки производител на електрична енергија не ги догради двата блока на нуклеарната централа во Моховце, како и покажаниот интерес Владата на Словачка да стане мнозински акционер во СE.

Италијанскиот „Енел”, тендерот за продажба на својот уддел го објави во април, а трае до 9. мај.

Би можело да ве интересира

Унгарија и Словачка сугерираат дека се жртви на биотероризмот

Горан Наумовски

Мечка нападна и усмрти маж во Словачка

Петр Павел: Мора да бидеме подготвени за тоа дека САД ќе не остават на цедило

А1он

Експлозија во воениот институт „Захорје“, најмалку двајца се повредени

Горан Наумовски

Фицо: САД не сакаат да се мешаат во работите на другите земји

Шојгу: Протестите во Србија и Словачка се организирани од странство