Честојнова: Втор месец по ред се намалуваат платите на граѓаните за 412 денари

Од:

„Поради катастрофалните економски политики на владата на Заев веќе втор месец по ред се намалуваат платите на граѓаните.

Штетните економски политики на СДС и Заев ги намалија платите на граѓаните за 412 денари.

Зоран Заев пред да дојде на власт ветуваше подобар животен стандард и плата од 500 евра. Но реалноста е поинаква. Граѓаните се излажани. Oд три ипол месеци владеење на СДС, два месеци по ред граѓаните веќе имаат намалување на просечната бруто и нето плата.

Просечната бруто плата во јули изнесувала 33.228 денари и е помала за 281 денари во однос на јуни годинава. Додека во однос на мај за 412 денари.

Додека просечната нето плата, во јули изнесувала 22.671, денари, и е за 0.6% или 137 денари помала од просечната нето плата во јуни односно 218 денари помала од нето платата во мај.

Ваквите бројки се резултат на неспособното владеење на СДС и Заев. Граѓаните на своја кожа секојдневно ги чувствуваат катастрофалните економски политики што ги води владата на СДС.

Во самиот старт на владеењето на СДС имаме намалување на индустриското производство за 12%. Се бележи пад на прометот во индустријата за 0.7%, дополнително растат цените на производите и трошоците за живот. Нема нови странски инвестиции, а старите веќе најавуваат дека ќе ја напуштаат државата, со што нема ниту нови работни места.

Се стагнира и се е блокирано. Затоа паѓаат платите. Граѓаните ова може, и ќе го спречат на 15-ти октомври кога ќе ја казнат неспособната и неодговорна влада на СДС и Заев“, изјави Павлинче Честојнова.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот