Чешките фирми навреме ги повлекле депозитите од банките на Кипар

Од:

Оданочувањето на банкарските депозити во Кипар не ги засега чешките фирми кои имаат седиште во овој т.н „даночен рај“, бидејќи како што самите изјавуваат навреме ги префрлиле своите пари во други земји, јави дописникот на МИА од Прага.

Според регистарот на Чешката агенција за капитал (ЧЕКИА), 1.912 чешки компании имаат седиште во Кипар, што значи дека земјата е на трето место по Холандија и САД, која ги користи придобивките во Кипар.

– Чешките компании обично го користат Кипар како свое седиште поради поволните корпоративни даноци, но повеќето не ги оставаат парите во тамошните банки, оценува аналитичарот Јиржи Шимара.

Според официјалните изјави на големите корпорации одданочувањето на влоговите воопшто нема да влијаат на нивните финансии. Некои од фирмите веќе ги префрлиле своите депозити на Каналскиот остров, Џерси.

– Дека земјата се движи кон проблеми беше јасно најмалку половина година, објаснува бизнисменот Радован Витек, на кој начин фирмите го ,,спасиле” својот капитал. Аналитичарите од ,,ЧЕКИА” предвидуваат дека интересот на претприемачите за Кипар ќе се намали и дури и ќе запре, за сметка на алтернативите кои се отвараат во земјите на Европската унија, како Холандија и Малта.

Кипар досега ги привлекуваше големите компании поради ниските даноци на доходите и неоданочувањето на дивидендите и добивките од продажбата на акции, продажбата на хартии од вредност, како и пресметувањето на помал ДДВ. Проблемот со кипарскиот даночен рај се појави откако ЕУ побара од земјата еднократно одданочување на банкарските депозити како услов за добивање финансиска помош.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ