Цените на угостителските услуги во август годинава се повисоки за 0,1 отсто во споредба со претходниот месец, а во однос на истиот месец од претходната година се намалени за 1,2 процента.
Споредено по групи на услуги, во август во однос на јули зголемување е забележано во групата Алкохолни пијалаци за 0,4 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – август 2014 година во однос на истиот период од минатата година е намален за 0,7 отсто, додека во однос на декември 2013 година е зголемен за 0,3 проценти.