Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2017, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки за 0.5% на месечно ниво, а за 2.7% на годишно ниво.
Во август 2017, во споредба со јули 2017, продажните цени на производителите на индустриски производи, се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 2.9%, во секторот Преработувачка индустрија за 0.3% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.2%.
Во август годинава, во однос на август 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи, се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 21.7%, во секторот Преработувачка индустрија за 1.4%, а се пониски во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.3%.