Цените на индустриските производители повисоки на годишно ниво за 0,9 проценти

Од:

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар на месечно ниво не забележуваат промена, а се повисоки за 0,9 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Во февруари 2018, во споредба со јануари 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар остануваат непроменети во групите Енергија и Трајни производи за широка потрошувачка.

Во февруари 2018, во споредба со февруари 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Капитални производи за 4,2 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 2,9 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 1,6 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,6 отсто.

Би можело да ве интересира

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Намален прометот во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата