Цените на индустриските производи со раст на годишно ниво од 1,2 отсто

Од:

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во октомври годинава немаат промена на месечно ниво, а на годишно ниво бележат раст од 1,2 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци во октомври 2020, во споредба со септември 2020, продажните цени на производителите на индустриски производи се пониски во групите Енергија за 0.6 отсто, Капитални производи за 0,1 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,1 отсто

Во октомври 2020, во споредба со октомври 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за шест отсто, Трајни производи за широка потроошувачка за 3,7 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,8 отсто.

Би можело да ве интересира

Цени на производителите на индустриски производи пониски за 1,4 отсто на месечно, повисоки за 0,3 отсто на годишно ниво

А1он

Повисоки продажните цени на индустриските производи

А1он

Продажните цени на индустриските производи повисоки на месечно, пониски на годишно ниво