Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија

Од:

Глобалните цени на дизелот нагло пораснаа по последната рунда американски санкции за руската трговија со нафта поради очекувањата дека мерките ќе ја намалат понудата, според аналитичарите и податоците на лондонската берза, објави Ројтерс.

За потсетување, пред една недела, Соединетите Држави ги воведоа досега најстрогите санкции за руските производители и танкери за да ги ограничат приходите на вториот по големина извозник на нафта во светот, кој Москва го користи за финансирање на војната во Украина.

Многу од бродовите под нови санкции се дел од она што на Запад се нарекува „флота во сенка“ дизајнирана специјално за избегнување на западните ограничувања и се користеа за транспорт на нафта во Индија и Кина. Рафинериите во тие земји имаа корист од евтиниот руски увоз кој беше забранет во Европа по инвазијата на Москва на Украина.

„Цените на дизелот пораснаа по вестите за санкциите и очекуваме значителни нарушувања на извозот на рускиот дизел“, рече аналитичарката на Energy Aspects, Наталија Лосада.

Таа додаде дека се доведени во прашање најмалку 150.000 барели дневно извоз на руски дизел од рафинериите Гаспромњефт и Сургутнефтегас.

Студеното време на северната хемисфера веќе придонесе за зголемување на цените на пазарот на дизел. Европа, која беше најголемиот купувач на руски дизел пред западните санкции во 2022 година, па се префрли на испораки од Индија, Блискиот Исток и САД за да го покрие недостатокот.

– Иако повеќето од 183 санкционирани бродови се користеа за транспорт на сурова нафта и мазут, а не за дизел, постои загриженост дека санкциите би можеле да влијаат врз работењето на рафинериите во Индија и Кина, намалувајќи го нивното производство на дизел и извозот во Европа, рече аналитичарот на Sparta Commodities Џејмс Ноел-Бесвик.

Најголемите купувачи на руски дизел, Турција и Бразил, ќе мора да најдат алтернативни продавачи како што се САД и земјите од Блискиот Исток во случај руските испораки да бидат значително нарушени, додаде тој, зголемувајќи ја конкуренцијата за европските купувачи.

Други аналитичари велат дека пазарот на крајот ќе се прилагоди на новите санкции.

„Ние навистина не очекуваме некои големи промени во протокот на руски производи, бидејќи исти количини може да патуваат до истите дестинации, само користејќи танкери кои не се под санкции“, рече аналитичарот на FGE Energy, Јуџин Линдел.

Би можело да ве интересира

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Поскапува дизелот

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски