Цените на бензинот изненадувачко ниски

Од:

Изненадувачко ниски цени на горивата на бензинските пумпи можат да се забележат деновиве на американскиот пазар. Цената на галон бензин (3,8 литри) падна под три долари.

“Ова навистина е неверојатно. Малку сум шокиран“, изјавил главниот аналитичар за нафта во консултантската компанија Оил Прице Информатион Сервис, Том Клоза за агенцијата АП.

Просечната цена на бензинот на пумпите во САД изнесувала 2,99 долари за галон, што е прв пат во последните четири години, цената да падна под три долари за галон.

Бензинот во САД сега е поевтин и од млекото, чија цена изнесува 3,73 долари за галон. Просекот на цената на млекото за оваа година е на добар пат да биде повисок од просечната цена на бензинот по прв пат од 2011 година.

Побарувачката на нафтени деривати сега не расте толку брзо како што се очекуваше, нафтените компании експлоатираат нови извори на нафта, додека земјите на Блискиот исток продолжуваат да го снабдуваат светот со “течното злато“ како и досега.

Би можело да ве интересира

Трамп ќе воведе царини од 25 отсто за земјите што купуваат нафта и гас од Венецуела

Нови цени на горивата

Вучиќ тврди: САД и Британија за неколку дена ќе воведат санкции за српската нафтена индустрија

САД бараат начини да ги намалат приходите на Русија од нафтата

Пад на цената на нафтата

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол