Цената на нафтата се стабилизира по иранскиот ракетен напад

Од:
Цените на нафтата на светските берзи денеска се стабилизираа на нивото од над 67 долари по целодневната бурна трговија на меѓународните пазари, бидејќи по почетната паника меѓу вложувачите заради иранскиот ракетен напад врз американските сили во Ирак надвладеа мислењето дека судирот нема да има натамошна ескалација, јави Хина.
На лондонскиот пазар цената на нафтата за барел попладнево беше во минус за 49 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 67,78 долари. Утринава на кратко таа скокна на 71,75 долари, што претставуваше највисокото ниво од средината на минатиот септември.
На американскиот пазар, пак, со барелот се тргуваше за 76 центи пониска цена, од 61,94 долари. Утринава за кратко време таа достигна цена од 65,85 долари, највисокото ниво од крајот на минатиот април.

Би можело да ве интересира

Нови цени на горивата

Вучиќ тврди: САД и Британија за неколку дена ќе воведат санкции за српската нафтена индустрија

САД бараат начини да ги намалат приходите на Русија од нафтата

Пад на цената на нафтата

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски