Цената на нафта во Њујорк на најниско ниво

Од:

Цената на референтата американска нафта за испорака за јануари падна за 2,14 долари на берзата во Њујорк и сега изнесува 57,81 долари, што е нејзино најниско ниво уште од мај 2009 година.

-Очигледно е дека падот на цената има врска со меѓународниот извештај. На тоа ја додаваме и веќе тешката состојба на глобалниот пазар за нафта-изјави претставник на компанијата „Прајс фјучер груп“, Фил Флин.

Во својот месечен извештај ИАЕ го намалил предвидувањето на растот за побарувачка на нафта за 2015 година од 93,6 милиони барели на 93,9 милиони, со образложение дека стопанскиот раст во светот ќе биде помал од очекуваниот и дека понудата ќе биде голема.

Падот на цената е последица на зголемување на производството на нафта, особено во САД, а ја намали и цената на бензинот, дизел и останатите горива, со што се намалија трошоците на возачите и авиокомпаниите.

Меѓутоа од друга страна тоа влијае и на намалување на вредност на акциите на енергетските фирми.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Трамп: Нема да се кандидирам за трет мандат

(ВИДЕО) Трамп: Како претседател мора да го почитувам Уставот на САД и тоа што ќе одлучи Врховниот суд

Горан Наумовски

Поранешен шеф на ЦИА: САД ѝ дадоа на Украина доволно оружје за да „крвави“, но не и да победи

Мали: Вучиќ ја напушти ВМА, тој нема да се предаде

Горан Наумовски

Економска офанзива на Белата куќа, Трамп вложува милијарди, бара пониски каматни стапки

Администрацијата на Трамп го укина безвизниот режим за Романија

Горан Наумовски