Цената на алуминиумот продолжи да паѓа по најавата на САД за поблаги санкции кон Дерипаска

Од:

Вредноста на алуминиумот на светските берзи продолжи да паѓа и денеска, откако вчера американската администрација најави дека може да ги укине санкциите за рускиот гиган Русал, доколку компанијата ги раскине врските со милијардерот Олег Дерипаска.

Цената на алуминиумот на лондонската берза денеска падна за 8,7 проценти, во очекување дека Русал ќе продолжи да го снабдува глобалниот пазар. САД најавија дека ќе и дадат дополнително време на руската компанија да се подготви за санкциите, а може и целосно да се откажат од нив доколку Дерипаска го продаде Русал. Се проценува дека Русал натрупал големи резерви на алуминиум и ќе го искористи претстојниот период да ги понуди на пазарот.

Дерипаска се најде на листата руски бизнисмени за кои САД воведуваат санкции поради неговата вмешаност во политички и безбедносни активности низ светот. Американски граѓани и компании имаат рок до 23 октомври да ги прекинат сите свои деловни врски со Русал.

Би можело да ве интересира

Мерц: Европа ја „напаѓа Москва“

За Кремљ избори во Романија се многу „чудни“

Голема епидемија на најзаразниот вирус во САД и во Европа

Захарова: Украина да одлучи дали ќе ги продолжи преговорите

Москва: Ѓаволот е во деталите

Калас: Усвоен е 17-тиот пакет санкции против Русија, нашиот одговор ќе биде уште построг

Горан Наумовски