Цели ридови со 11 свлечишта паднале врз автопатот Кичево-Охрид кој нема да биде готов ниту годинава

Од:

Кинеската „Синохидро“ доби продолжување на рокот за изградба на автопатот Кичево-Охрид за што ќе биде потребно да се потпише нов анекс договор кој ќе мора да го одобри Собранието затоа што делницата се гради со договор кој е закон. Не се знае кога ќе биде готов иако се гради десет години.

Премиерот Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања не кажа дали автопатот ќе не чини поскапо од првичните 375 милиони евра кои подоцна беа зголемени на 600 милиони евра, но рече дека за дополнителните средства ќе се разговара после анализите од експертите, а ќе одлучат повторно пратениците.

– И да се прави анекс, тој мора да биде одобрен во Собранието бидејќи ова е автопат кој се прави со закон и само на тој начин може да се смени. Дополнителни средства зависат од анализите од експертите и пратениците во Собранието. Очекувам сите договори да се почитуваат и тој автопат требаше досега три пати да биде готов. Убаво треба да се анализира зошто има толку пропусти. Еве еден податок, на готови делови од автопатот пред Нова година имаше 11 свлечишта и цели ридови беа паднати врз автопатот. Треба да се прашаат проектантите како можеле да проектираат на свлечиште кое што веднаш паѓа на автопатот. Автопатот е готов 80 отсто, но свлечиштата мора да се регулираат.

Од она што го гледав во проектот, кога тој е направен, една од косините е така направена што почнува од Кичево, а завршува во Албанија. Тој е проект направен со Гугле мапс – истакна премиерот.

Би можело да ве интересира

Меџити: Градиме патишта за нашиот народ, Коридорот 8 е повеќе од пат

(ВИДЕО) Мицкоски: Започнуваме еден од клучните инфраструктурни проекти-изградбата на новиот автопат Тетово-Гостивар

СДСМ: Делницата Тетово – Гостивар ја разоткри целата хипокризија, дволичност и лицемерие на ВМРО-ДПМНЕ

Автопатот Тетово-Гостивар долг 17,5 километри ќе биде готов за две и пол години

Горан Наумовски

Влен: Започнува изградбата на новиот автопат Тетово-Гостивар, стратешка инвестиција во служба на граѓаните

Од денеска до 31 мај сообраќајот на автопатот Демир Капија – Смоквица ќе се одвива само по левиот тунел