Царинска управа: Не сме надлежни за контрола на квалитетот на увезената нафта

Од:

Царинската управа со ниту еден закон не е надлежна за контрола на квалитет или безбедност на ниту еден производ. Единствено, доколку услов за увоз е потврда, одобрение, дозвола или сертификат за квалитет, кои ги издаваат други институции (на пример Агенција за храна и ветеринарство, Државен инспекторат за земјоделство, Државен санитарен и здравствен инспекторат, МАЛМЕД, Фитосанитарна управа, сертификациони тела и др.) Царинската управа само проверува дали таков валиден документ е приложен од увозникот, соопти Царинската управа.

Сепак, од сите извршени лабораториски анализи на Царинската управа, најголем дел во лабораторијата на Царинската управа, но дел и во акредитирани лаборатории во Република Македонија,  оваа година заклучно со 20 јули (вкупно 198), 62% (122) се однесуваат на нафта и нафтени деривати. Од овие анализи, нема ниту еден негативен наод.

Царинската управа врши контрола врз основа на принципот на управување со ризик. Имајќи предвид дека годишно Царинската управа обработува околу 1 милион царински декларации (2016-986,1 илјади), односно просечно 2700 дневно (не секој работен ден, затоа што увоз, извоз и таранзит овозможивме да може да се спроведува секој ден), контролата базирана  врз основа на управување со ризик е единствено можно решение. Ниту една царинска служба во светот не контролира се што поминува преку граница, секаде се работи на принципот на управување со ризик и се вршат селективни контроли.

Со преземените мерки на Царинската управа, процентот на физичките контроли при увоз  е намален на 8,8% (од 30% во 2014), просечното време на царинење е намалено за 29% (од 69 во 2014 на 49 минути во вториот квартал на 2017) со постојано зголемување на наплатата на давачки. Во 2016 Царинската управа наплати 72,9 милијарди денари, 8,5%  повеќе од 2016 година, а во периодот јануари-јуни  2017 наплати 36,8 милијарди, односно 8,6% повеќе од истиот период во 2016 година, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Спречен шверц на пиротехнички материјали, лекови, парфеми и облека

А1он

Вучиќ тврди: САД и Британија за неколку дена ќе воведат санкции за српската нафтена индустрија

САД бараат начини да ги намалат приходите на Русија од нафтата

Пад на цената на нафтата

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски