(ВИДЕО) Бугарин: На Македонија треба да и се покажат заби

Од:

Србија денеска не дозволила увоз на домати од Мaкедонија, јавува Б92, што би значело остварување на заканите дека ќе возвратат на мерките на македонската влада за српската пченица и брашно.

Од српското министерство за земјоделство негираат дека се работи за конкретни мерки, туку дека е можеби  поединечен случај.

Слични поединечни потези може да се насетат откако српската влада најави дека ќе преземе конкретни реципрочни мерки кон Македонија и ќе го разгледа предлогот за органичувањето на  увозот на македонско вино и домати.

domat

Потпретседателот на Владата на Србија Расим Љаиќ и министерот за земјоделство Горан Кнежевиќ ги усогласиле мерките кои ќе бидат спроведени поради одлуката на македонската влада да го ограничи увозот на пченица и брашно од Србија кое го услови со купување  домашната пченица и брашно.

Секретарот на Здужението на земјоделската комора на Војводина Џорџе Бугарин, изјави дека Србија треба одлучно да реагира и „да им покаже заби на Македонците“ поради ограничувањето на извозот на српската пченица и брашно во земјава.

Одлуката на македонската влада да го ограничи увозот на пченица и брашно од Србија веќе беше најавено дека ќе предизивика соодветна мерка од страна на северниот сосед. Србија реагира дека  со оваа мерка на македонската влада битно се нарушува принципот на слободна трговија, и тоа овојпат нема да се толерирало.

-Бараме итна вонредна седница на ЦЕФТА, а доколку тоа не донесе резултат, ќе преземе ресипрочни мерки, изјави пред три дена  министерот за трговија Расим Љаиќ.

Љаиќ кажа дека намерата му ја соопштил и на мекедонскиот министер за земјоделство, Љупчо Димовски, откако усмено го известил дека со одлуката на македонската влада се крши спогодбата.

Според оваа одлука на македонската влада, увозниците ќе мора да купат два килограми домашна пченица доколку сакаат да увезат килограм жито од Србија, односно ќе мора да купат четири килограми домашна пченица ако сакаат да увезат килограм брашно од Србија.

– Македонската влада веќе четврта година по ред ја носи истата одлука која е на сила два три месеци додека не се закаже седница на ЦЕФТА. Тогаш одлуката се повлекува и постојано водиме иста битка со нив. Резервна опција е и ние да повлечеме реципрочни мерки поради кои не сме среќни, но немаме друг избор, рече Љаиќ.

ljupco dimovskiЗавчера, министерот за земјоделство Љупчо Димовски, одговорајќи на новинарско прашање, рече дека македонската Влада во јануари годинава ја има известено Србија за одлуката на „условен увоз“ која е донесена и согласно меѓународните правила.

– Ние немаме никаков проблем со ниту еден произведувач надвор од државата и секој што смета дека на кој било начин е засегнат, тоа е негово право. Одлуката е донесена врз основа на Законот за земјоделство и рурален развој според кој Министерството, односно институциите се задолжени да го заштитат домашното производство и ние тоа го правиме, како и врз основа на ЦЕФТА договорот кој вели, во случај на пореметување на пазарот во државата, институциите имаат право да воведат мерки со кои ќе се спречи натамошното влошување.

– Постапивме по тие два документа и за нашата постапка имаме сериозни аргументи. Не знам дали другата страна има такви аргументи, но ќе треба да ги објасни. Ние тоа и во писмена и усмена форма, а што е битно во писмена форма уште во почетокот на јануари ги доставивме до српската страна, рече Димовски.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Јаболкото во Ресен ќе остане неоткупено заради големиот увоз на странско јаболко во Македонија

Орце Костов

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

Орце Костов

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Граѓаните не можат да си дозволат нов автомобил: Лани продадени трипати повеќе половни отколку нови

Орце Костов

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Во првите 11 месеци од 2023 година покриеноста на увозот со извозот 75,2 отсто