Бугарија извезла земјоделски производи за над 6 милијарди евра

Од:

Во 2021 година Бугарија извезла земјоделски производи за повеќе од 6 милијарди евра, објави бугарското Министерството за земјоделство.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, во споредба со 2020 година, кога извозот на Бугарија изнесувал 4.786.078 евра, тој лани е зголемен е 25,8 отсто.

Речиси за 51 проценти е зголемено производство на пченицата, кое достигна 7,1 милиони тони. Значителен пораст на производството е забележан и кај пиперките за 34 отсто и јачменот за 25 проценти, а поумерено кај пченката и сончогледот за 14, односно 16 проценти .

Во 2021 година во Бугарија се произведени 690,1 илјади тони зеленчук и 226,1 илјади тони овошје, што претставува зголемивање за 5,9, односно 11,6 проценти во споредба со 2020 година.

Главни трговски партнери на Бугарија биле земјите од ЕУ, на прво место Грција, пред Романија, Шпанија и Германија.

Во Извештајот на бугарското Министерство се посочува дека вкупниот приход на земјоделскиот сектор во 2021 година изнесувал 4.950 милијарди лева (2.500 милијарди евра), со што неговиот удел во бугарската економија достигна 4,3 проценти. Во реална вредност тоа претставува зголемување за 6,1 отсто во однос на 2020 година.

Бугарските медиуми посочуваат дека Бугарија одамна нема забележано вакви рекордни резултати во извозот на земјоделски производи во странство, нагласувајќи дека „втората ковид година била исклучително успешна за бугарското земјоделство“.

Би можело да ве интересира

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени