Во првиот квартал од идната година Бугарија ќе спроведе либерализација на енергетскиот пазар, соопшти денеска бугарската министерка за енергетика Теменужка Петкова.
– Нашата цел е либерализацијата на пазарот да се сличи на почетокот на 2016 година. Тоа можеби ќе се случи во февруари или март, додаде Петкова по потпишувањето на договорот меѓу „Бугарскиот енергетски холдинг“ (БЕХ) и Светската банка, за консултански улсиги поврзани со анализа на енергетскиот сектор и претстојната либерализација на енергетскиот пазар.
Како што јави БТА, првично беше предвидено либерализацијата на енергетсклиот пазар во Бугарија да започне од 1 јануари 2016 година.
Петкова нагласи дека за Бугарија од особена важност ќе бидат податоците од првичниот извештај, што согласно денеска потпишаниот договор, Светската банка треба да го изработи во ноември годинава.
– Таа информација ќе биде многу важна за нас, за да видиме која варјанта е најисплатливо да се профати. Не ислкучуваме ниту една варијанта, која би била во интерес на домашните потрошувачи и на целото општетство и би продонела за стабилизација на електроенергетскиот сектор, нагласи Петкова.