Буџетскиот дефицит на Грција за 2012 година е во договорените рамки со ЕУ и ММФ

Од:

 Буџетскиот дефицит на Грција за 2012 година е 15,7 милијарди евра или 8,1 проценти од БДП, што значи дека земјата ги почитувала преземените ветувања во замена за финансиската поддршка од ЕУ и ММФ, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на соопштение на Министерството за финансии.

Буџетскиот дефицит е намален за 31 процент во споредба со 2011 година, кога изнесуваше 22,8 милијарди евра (10,9 процента од БДП).

Земјата дури постигна подобар резултат за буџетскиот дефицит во 2012 година во споредба со првично поставената цел за 8,4 проценти од БДП, се посочува во соопштението на министерството.

-Огромните жртви на граѓаните не се бадијала, изјави заменик министерот за финансии Христос Стајкурас.

По однос на првичниот буџетски дефицит (буџетскиот дефицит пред плаќањето на каматите по долгот) Грција постигна уште подобри резултати во 2012 година, бидејќи, имено, тој е сведен на 3,5 милијарди евра или 1,8 процент од БДП, додека целта беше 4,6 милијарди евра (2,4 процента од БДП).

И покрај продолжувањето на трендот на криење на доходите, министерството се пофали дека ги надминало поставените цели за даночни примања. Овие примања изнесувале 48,325 милијарди евра, иако тие бележат намалување во однос на претходната година заради рецесијата и општиот пад на животниот стандрад.

Главниот напор во 2012 година бил насочен кон расходите, кои се намалени до 67,614 милијарди евра во однос на 76,7 милијарди евра во 2011 година, посебно преку кастрењата на воените нарачки и на буџетите на болниците.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција