Шведската автомобилска компанија „Волво“, која е во сопственост на кинеската корпорација „Џили“, се очекува годинава да ја зголеми својата продажба во Кина за околу 20 процени.
Утре официјално ќе биде отворена првата фабрика на „Волво ПВ“ во Кина, лоцирана во големиот урбан центар Ченгду. Тамуќе се произведува моделот „Волво С60Л“, продолжена верзија на С60.
– Сега започнува ново поглавје за „Волво“ во Кина, изјави Ларс Даниелсон, шеф на одделот на „Волво ПВ“ за Кина.
Како што јави дописникот на МИА од Гетеборг, сега само околу 15 отсто од патничките автомобили на „Волво“ кои се продаваат во Кина се произведени на локалниот кинески пазар, а што е значајно помал дел во споредба со конкурентите како „Ауди“ и „БМВ“.
Но, сега се очекува брза промена.
– По две години очекуваме 70 отсто од нашите автомобили што се продаваат во Кина да бидат произведни таму, додека 30 отсто и натаму ќе се произведуваат во Белгија и Шведска, вели Ларс Даниелсон.
Според податоците во шведските медиуми, „Волво“ идната година ќе започне со производство на уште еден автомобилски модел во фабриката во Ченгду, но засега не се откриваат поконкретни детаљи околутоа.