Брокери ќе ги советуваат земјоделците да ги осигураат посевите

Од:

Брокерски друштва ќе ги посетуваат земјоделците за директно да им ојаснат кои се бенефитите од осигурувањето на посевите и пакетот услуги што ги нудат осигурителните компании.

Ова е предвидено со Меморандумот за соработка што денеска во Стопанската комора на Македонија го потпишаа Платежната агенција и Асоцијацијата на осигурителни брокерски друштва.

Согласно Меморандумот, брокерските друштва практично ќе бидат медијатори, а ваквата улога, на посредници меѓу производителите и осигурителните компании, ќе ја вршат бесплатно. Тие нема да им сугерираат на земјоделците од која осигурителна компанија да купат полиси, напротив, ќе им укажат која нуди најдобри услуги.

– Ова е крупен исчекор со цел максимално искористување на владината поддршка за купување земјоделски осигурителни полиси, рече заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски пред потпишувањето на Меморандумот.

Коњановски нагласи дека неодамнешните поплави и предизвиканите штети од нив, уште еднаш покажаа колкава е потебата од осигурување на површините.

– Последните неколку години се случија поплави, екстремно сушни периоди, од кои, на крај, земјоделците останаа најоштетени зашто не ги осигуруваат посевите, а државата секоја година ја зголемува поддршката за оваа намена, рече заменик министерот, потенцирајќи дека осигуреното е најсигурно.

Изминатиов период, додаде, беа направени бројни анализи за утврдување на причините поради кои македонските земјоделци се уште недоволно го осигуруваат родот и покрај поддршката на државата.
Како што беше речено на прес-конференцијата во Комората, засега само четири осигурителни компании во земјава нудат земјоделски полиси, а од вкупно регистрираните 100.000 земјоделци, само 1.500 купуваат полиси. Најголем е бројот во Кавадарци, 340, Ресен, 250 и Неготино, повеќе од 200. Најмногу, пак, се осигуруваат лозовите насади, 350 хектари, јаболката, 270 хектари, и житните култури, преку 210 хектари.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана