Бројот на работници во индустријата во ноември помал за 0,9 отсто

Од:

Бројот на работници во индустријата во ноември 2016 година, во однос на ноември лани година, е помал за 0,9 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен бележи пораст од 3.4%, во секторот Преработувачка индустрија има опаѓање од 1.3%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0.5%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во ноември 2016 година, во однос на ноември 2015 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0.9% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.1%, додека пораст бележи кај Енергија за 3.0%, Капитални производи за 4.2% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 5.1%.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – ноември 2016 година, во однос на периодот јануари – ноември 2015 година, е поголем за 0,2 отсто.

Би можело да ве интересира

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Намален прометот во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата