Бројот на новосоздадени претпријатија во 2015 година речиси ист со згаснатите

Од:

Во 2015 година во Македонија се регистрирани 6.877 новосоздадени претпријатија што претставува 10,3 отсто од вкупно активните претпријатија, а згаснале 9,3 отсто, односно 6.249 претпријатија.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во однос на 2014 година, забележано е намалување од 4 отсто на бројот на новосоздаедени претпријатија.

Најголем дел од новосоздадените претпријатија 30,7 отсто се во секторот Трговија на големо и на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли, а потоа следат секторите Преработувачка индустрија со 12,2, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна со 11,5, и Други услужни дејности со 9,5 отсто.

Според правната форма, најголемо учество од 70,1 отсто имаат претпријатијата категоризирани во групата друштва со ограничена одговорност и акционерски друштва иако и кај нив е забележано намалување од 4,8 отсто во однос на претходната година.

Најголем дел, пак, од згаснатите претпријатија 35,7 отсто припаѓаат на секторот Трговија на големо и на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли, а според правната форма, најголемо учество имаат претпријатијата категоризирани во групата друштва со ограничена одговорност и акционерски друштва.

Од новосоздадените претпријатија во 2010 година 32,7 отсто се уште биле активни во 2015 година. Најголема стапка на преживување се забележува кај новосоздадените претпријатија кои припаѓаат на секторот Дејности на здравствена и социјална заштита 72,5 отсто, а од областа на бизнис економијата – Стручни, научни и технички дејности со 54,2 отсто.

Во 2015 година биле активни 40,8 отсто од новосоздадените претпријатија во 2011 година, 43,6 отсто од новосоздадените во 2012 година, 67,2 отсто од новосоздадените во 2013 и 81,3 отсто од новосоздадените во 2014 година. Притоа, најголема стапка на преживување имале новосоздадените претпријатија од секторот Финансиски дејности и дејности на осигурување (во 2011 и 2014 година), односно од секторот Стручни, научни и технички дејности (2012 год.), додека кај новосоздадените претпријатија во 2013 година, тоа се претпријатијата од секторот Образование.

Би можело да ве интересира

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност