Бритиш ервејс порача авиони Ербас во вредност од 12 милијарди долари

Од:

Една од најголемите европски авиокомпании Бритиш Ервејс склучи договор за купување 36 патнички авиони Ербас А350 чија вкупна вредност е поголема од 12 милијарди американски долари.

Бритиш ервејс соопшти дека нивните сопственици од компанијата ИАГ потпишале меморандум за разбирање кој подразбира набавка на 18 авиони Ербас А350-1000 со опција за купување на уште 18.

Секој од тие авиони има цена од 332,1 милион долари.

Зделката е дел од долгорочна стратегија за обнова и модернизација. Во почетокот на овој месец, ИАГ објави дека со Бопинг склучиле договор за купување 18 авиони Дримлајнер 787.

Би можело да ве интересира

Пакистан го затвора воздушниот простор за индиските авиокомпании

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ

Политико: Португалија се откажа од купувањето Ф-35 поради Трамп

Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром

Министерство за одбрана: Италијанските воздухопловни сили ќе учествуваат во патролирање на македонското небо