Бритиш Ервејз ги дискриминира своите вработени христијани, пресуди Европскиот суд во Стразбур

Од:

Европскиот суд за човекови права во Стразбур пресуди дека најголемата британска авионска компанија „Бритиш Ервејз“ (БА) врши дискриминација врз своите вработени христијани.

Судот одлучи дека човековите права на службеничката на БА Надија Евеида (60) биле повредени, а таа била изложена на дискриминација, затоа што раководството на британската компанија и забранило на жената да го носи својот мал крст од бело злато, закачен на ланче околу вратот.

Случајот од 2006 година предизвика бранување во британската јавност, откако се разбра дека Евеида, прво беше суспендирана од свеото шалтерско место и тргната на друга и пониска и помалку платена позиција во компанијата, а потоа и отпуштена од работа, кога таа одби да го тргне малиот крст од својот врат.

Сите британски судови за работни спорови, не го прифатија приговорот на Евеида, па таа одлучи да се жали кај Европскиот суд.

Заедно со неа се жалеа и тројца други британски христијани, незадоволни од однесувањето на нивните работодавачи за слични инциденти како оној на Евеида, но Судот во Стразбур оцени дека кај нив нема повреда на повелбата за човекови права. Жалби до Европскиот суд испратија една медицинска сестра која носела крст во болницата, еден брачен советник кој одби да советува еден хомосексуален пар кој побара помош, како и една општинска советничка која одби да учествува во венчавката на хомосексуален пар. Сите тројца ги оправдуваа своите постапки со своите религиозни, христијански убедувања.

Би можело да ве интересира

Момче загина во пожар во Англија, уапсени се 14 деца

Пакистан го затвора воздушниот простор за индиските авиокомпании

Хаос во Бирмингем: Ѓубре насекаде, а стаорци големи како мачки трчаат по улица

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Маслаха: Затворскиот персонал во Англија ги малтретира муслиманите

(ВИДЕО) Седум полицајци во болница по бркотница и судир со возач на „БМВ“ во Англија