„Бритиш-американ тобако“ давала поткуп во земјите од Источна Африка

Од:

Една од најголемите британски компании „Бритиш-американ тобако“ (БАТ) е осомничена дека подмитувала политичари и функционери во јавниот сектор на неколку земји во Источна Африка.

Сомневањето дека овој британски тутунски гигант е вмешан во корупциски скандал го покрена екипа на новинари-истражувачи на Би-Би-Си, кои добиле на увид тајни документи од еден поранешен вработен на БАТ во Кенија.

Во специјалната емисија прикажана на британската телевизија, Пол Хопкинс, кој 13 години работел во компанијата, а пред заминувањето тајно ги снимил документите кои сега се доказ за подмитувањето, признава дека бил дел од нечесната работа.

– БАТ ги поткупуваше луѓето, а јас помагав, спроведувајќи ги дадените налози, изјави Хопкинс.

Тој сега вели дека почнал со давањето поткуп, откако во компанијата го увериле дека „тоа е цената за бизнисот во Африка“.

Според документите на овој „инсајдер“, компанијата има потплатено двајца сегашни и еден поранешен функционер во Светската здравствена организација (СЗО) од Бурунди, Коморските Острови и Руанда, ангажирани во одделот за контрола на пушењето, .

Сите тројца добиле тајни исплати во износи меѓу три и 20 илјади долари.

Хопкинс тврди дека тие биле подмитувани за да се поткопа кампањата против пушењето, но сите тројца ги отфрлаат сите обвинувања.

Претставник на БАТ за Би-БИ-Си изјави дека „компанијата нема да толерира корупција, без разлика на кое ниво таа ќе биде откриена“.

Британските закони за антикорупција овозможуваат „Бритиш-американ Тобако“ да биде обвинета и осудена за давање поткуп во кој било дел од светот, доколку се докаже вината за корупција.

БАТ би можела да плати многу висока казна за истото ова дело и во САД.

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина