Брисел отвора антимонополска истрага за спојувањето на Пежо и Фијат-Крајслер

Од:

Европската комисија најави отворање детална истрага за спојувањето на францускиот Пежо ПСА и италијанско-американскиот производител на автомобили Фиат-Крајслер, поради сомневања дека ќе се создаде компанија со преголеми влијание на пазарот.

„Двете групации, кои ќе го формираат четвртиот по големина производител на автомобили во светот, имаат ткн. „силно место“ на пазарот на автомобили. Ние внимателно ќе процениме дали предложената трансакција ќе има негативно на  конкуренција на пазарот, истакна еврокомесарката за конкуренција, Маргарет Вестагер.

ЕК, која треба да донесе одлука до 22 октомври, загрижена е дека спојувањето ќе ја намали конкуренцијата за возила помали од 3,5 тони во 14 земји-членки на ЕУ (Белгија, Хрватска, Чешка, Шпанија, Франција, Грција, Унгарија, Италија, Литванија, Луксембург, Полска, Португалија, Словачка, Словенија и Шпанија), како и во Велика Британија.

Би можело да ве интересира

ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 отсто, наредната 3,1 отсто

Европската комисија објави нов план за зголемување на депортациите на илегални мигранти

Ана Ололовска

Јохансон: ЕК ќе предложи корупцијата да се перципира и казнува подеднакво во цела ЕУ

Ана Ололовска

Лајен предлага формирање на европско етичко тело

Ана Ололовска

Европската комисија претстави нови предлози за дополнителни санкции против Русија

Ана Ололовска

Фон дер Лајен рече дека загинале 100.000 украински војници, ЕК ја избриша изјавата

Ана Ололовска