Брегзит може да предизвика загуба на 80.000 работни места во Шкотска

Од:

Британското напуштање на ЕУ ќе има негатвен ефект врз Шкотска и врз нејзината економија, што во земјата би можело да предизвика загуба и до 80.000 работни места, предвидува во својата анализа шкотскиот институт „Фрејзер оф Аландер“.

Овој институт своите проценки ги правел врз основа на неколку сценарија околу тоа дали Брегзитот ќе биде изведен на „мек“ или на „тврд“ начин.

Институтот смета дека доколку преговорите со Брисел се одвиваат така што Велика Британија, покрај ЕУ го напушти и единствениот пазар на Унијата, бруто домашниот производ (БДП) на Шкотска во следните десет години би се намалил за пет отсто во однос на сегашниот, што ќе предизвика да бидат загубени 80 илјади работни места.

Пооптимистичката прогноза била правена врз „помекото сценарио“ за напуштање на ЕУ, што би предизвикало пад на БДП од два отсто и загуба од 30 илјади работни места во шкотската економија.

Експертите на „Фрејзер оф Аландер“ предвидуваат во разврската од изгласаниот Брегзит на референдумот од 23 јуни, дека Шкотска сепак би можела да биде подобро заштитена од очекуваните тешки последици во споредба со другите делови од Обединетото Кралство.

Таквата разврска се предвидува да предизвика поголема миграција од сегашната на луѓе од Англија, Велс и Северна Ирска во Шкотска.

Британскиот премиер Тереза Меј неколкупати досега уверуваше дека Шкотска и Велика Британија заедно може да остварат подобри резултати во странство, по заминувањето од ЕУ.

Во Единбург не веруваат во оптимизмот на Лондон и предупредуваат на можноста од избувнување на шкотско-британски судири.

– Останува заканата од силна уставна криза, доколку Шкотска не биде консултирана за договорите на Британија и ЕУ за Брегзит, изјави раководителот на Комиетот за Европа во шкотскиот Парламент, Џоан Мекалпајн.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година