Излегувањето на Велика Британија од Европската Унија, ако се спроведе според условите на предложениот договор, ќе резултира со четири отсто намалување на бруто-домашниот производ (БДП) до 2030 година, што е еднакво на загуба од 100 милијарди фунти годишно, јави Би-Би-Си, повикувајќи се на податоците на Националниот институт за економски и социјални истражувања . Сумата е еднаква на загуба 1.090. фунти годишно за секој граѓанин на земјата.
„Основните податоци укажуваат дека ако предложениот договор за Брегзит се спроведе на таков начин што Велика Британија ќе ја напушти царинската унија и единствениот пазар на ЕУ во 2021 година, до 2030 година БДП ќе се намали за 4 проценти од нивото на кое би било ако Британија останеше во ЕУ“, се вели во истражувањето.
Експертите наведуваат дека причините за таков резултат ќе бидат главно проблемите во услужната дејност, што тој сектор ќе го направат помалку атрактивен и на крајот ќе доведе до намалување на инвестициите од ЕУ и намалување на ефикасноста на британските работници.
Авторите на студијата, исто така ја истражувале можноста за напуштање на ЕУ без договор. За Обединетото Кралство оваа опција е уште поскапа – БДП ќе се намали за 5,5 отсто или 140 милијарди. фунти годишно.