Брегу: Дури 72 отсто од туроператорите во Западен Балкан чекаат помош од владите

Од:

Околу 20 отсто од туристичките агенции на Западен Балкан престанале со работа, 42 отсто ги кратат трошоците и отпуштиле дел од вработените, додека 41 отсто имаат доволно ресурси да ја оддржуваат нормално работата за време од максимум три месеци.

Овие резултати ги објави денеска генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка Мајлинда Брегу, прецизирајќи дека се прелиминарни од спроведеното истражување што го направила оваа организација во регионот, за да ги утврди последиците од корона кризата.

Со оглед дека сами тешко можат да се изборат со вакви околности, околу 72 отсто од агенциите и операторите во секторот туризам во регионот, очекуваат помош од своите влади, се наведува во прелиминарните резултати од истражувањето на Регионалниот совет за соработка

Загубите ќе бидат големи додаде Брегу, имајќи предвид дека туризмот придонесува во БДП на Западен Балкан со 10,2 отсто, а 11,4 отсто од сите вработувања се во секторот туризам и патувања.

Брегу апелира на создавање единствен фронт за надминување на овие последици со мерки какви што се заедничко рекламирање и промоција и олеснување или укинување на визните процедури.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ