Брашното во Австрија поскапе за 129 отсто, путерот за 76 проценти

Од:

Цените на основните намирници во Австрија и понатаму растат, соопшти Работничката комора.

Најевтиното брашно на годишно ниво поскапе за 129 отсто, путерот за 76, а јајцата за 47 проценти.

„Бројките се алармантни“, укажа Работничката комора.

Анализа на цени во седум супермаркети и дисконти покажа дека за најевтино брашно, за килограм во јуни минатата година се плаќаше 0,41 евро, а сега се издвојуваат 0,93 евра.

Килограм путер чинеше 5,67 евра, а кон крајот на јуни, 9,96 евра.

– Високите цени особено ги погодуваат лицата со ниски примања, нагласи Габријеле Згубиќ од Работничката комора.

Како што таа истакна, голем проблем е што евтини производи често нема во продавниците, па потрошувачите треба да купуваат и поскапи, што дополнително го оптоварува потрошувачкиот џеб.

Работничката комора го повтори барањето дека е потребно привремено да се намали ДДВ на намирниците, но, да се воведе и строг надзор на цени, со цел да се овозможи нивното намалување да го почувствуваат и потрошувачите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски