БРАКО ја испорача првата пратка возила во 2023 година

Од:

Деновиве е реализирана првата пратка во 2023 година, од 7 возила за одржување на хигиена од БРАКО, кои се испорачани во соседна Грција, во Унгарија и во Обединетото Кралство.

Стручните инженери и техничари од БРАКО, по завршување на колективниот одмор, активно пристапија кон реализација на порачките од странство и комплетираа 5 електрични компактни камиончиња GM 500ze, едно возило GM 636 со најново инсталираниот систем за издувни гасови и едно возило со рачно управување од линијата GM400.

Продолжува големиот интерес на возилата за одржување на хигиена во урбани услови на БРАКО, кои покажуваат одлични перформанси во работата, издржливост и може да се употребуваат во сите временски услови, а воедно придонесуваат за заштита на животната средина.

ПР текст

Би можело да ве интересира

Електраните и фабриките на ФЕРО ИНВЕСТ – дел од студиската посета на странска делегација во програмата за борба против климатските промени

Инженерот Маркоски од БРАКО на форум за електрификација и батерии во Дизелдорф говореше за искуството од развивањето на водороден погон кај возилата

Горан Наумовски

40 ученици од странство во посета на БРАКО во потрага по информации која идна професија да ја одберат за себе

Расте интересот за возилата на БРАКО во САД – Нова испорака на 7 возила за градска хигиена во Калифорнија

Ана Ололовска

Возилата на БРАКО на саем во Калифорнија

„БРАКО“ почна со производство на медицински паравани со нов дизајн