Брабус Г65 дебитираше во Катар

Од:

Брабус на Саемот на автомобили во Катар претстави подобрена верзија на моделот „Widestar 800“, базиран на Мерцедес Г65 АМГ.

Пред две години Брабус го претстави моделот „Widestar 800“, базиран на Мерцедес Г55 АМГ, а сега повторно се врати во центарот на вниманието со моделот Г65 АМГ.

СУВ моделот со високи перформанси е претставен на Саемот на автомобили во Катар. Тој е опремен со 6,0 литарски В12 би-турбо мотор што дава 800 коњски сили.

„Widestar 800“ од 0 до 100 километри на час забрзува за само 4,2 секунди, а максималната брзина е електронски ограничена на 250 километри на час. Без ограничување моделот може да развие 270 километри на час. Силата се пренесува преку седумстепен автоматски менувач на сите четири тркала.

Брабус нуди и електронски прилагодлив Рајд Контрол систем на суспензија развиен во соработка со компанијата „Bilstein“.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on