Боинг планира да позајми 10 милијарди долари

Од:

Американскиот производител на авиони „Боинг“ преговара со банки за заем од 10 милијарди долари или повеќе поради високите трошоци по авионските несреќи на авионите „737 Макс“, изјавил анонимен извор.

Американската мрежа Си-Ен-Би-Си во понеделникот прва информира за преговорите, тврдејќи дека Боинг од банките досега земал најмалку шест милијарди долари.

Извор на Си-Ен-Би-Си рекол дека претставници на Боинг паралелно разговараат и со други кредитори за дополнителни суми.

Друг неименуван извор ја потврдил информацијата и додал дека се уште не познат точниот износ кој Боинг се обидува да го собере, ниту дали американскиот гигант ќе се одлучи да продава свои акции.

Претставници на компанијата одбија да ги коментираат овие информации.

Светските агенции минатиот петок јавија дека американската Сојузна управа за воздухопловство (ФАА) веројатно нема да одобри враќање на авионите „737 Макс“ во промет пред март, додавајќи дека би можеле да останат приземјени и до април, а можеби и подолго.

Авионите беа приземјени во март минатата година после две несреќи во кои загинаа вкупно 346 луѓе.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се запали Боинг во Денвер, патниците бегаа преку крилото

Катерина Ѓуровски

Драма во вселената: „Заглавената“ астронаутка заборави да оди

А1он

Боинг укинува 17.000 работни места, ја одложува испораката на 777X

Квантас ќе го замени Боинг со Ербас за домашните линии

Ана Ололовска

„Боинг”: Кинескиот пазар ќе има потреба од 8.700 нови авиони до 2040 година

Ана Ололовска

„Боинг“ и „Ербас“ си го решија трговскиот спор, Бајден е задоволен

Жарко Настоски