Боинг најави раст на производството на патнички авиони во 2017

Од:

Американскиот производител на авиони Боинг по отчетот на минатогодишната заработувачка денеска најави повеќе достави на патнички авиони во 2017 во однос на минатата година.

Од компанијата појаснуваат дека, ако лани произвеле 748 летала, годинава тој број се очекува да се движи од 760 – 765.

Во однос на заработката, оттаму бележат раст од 1,6 милијарди долари за последното тромесечје од 2016 година. Резултатот делумно се должи и на зголемувањето на авиосообраќајот периодов.

За 2017, Боинг прогнозира приход од околу 90 милијарди долари, додека лани тој изнесувал 94,9 милијарди.

Би можело да ве интересира

Пакистан го затвора воздушниот простор за индиските авиокомпании

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ

Политико: Португалија се откажа од купувањето Ф-35 поради Трамп

Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром

Министерство за одбрана: Италијанските воздухопловни сили ќе учествуваат во патролирање на македонското небо