СДСМ: Богов, зошто најголемите светски банки не сакаат да ја финансираат владата во заминување?

Од:

„Гувернерот Димитар Богов којшто се јавува во улога на портпарол на Груески и Ставрески продолжува да одработува за криминалната фамилија на власт наместо да се грижи за интересот на државата и на граѓаните.

Портпаролот на Никола Груевски треба да им одговори на граѓаните зошто најголемите светски комерцијални банки, воедно и KFW и Светска банка, не сакаат да ја финансираат владата во заминување.

Граѓаните знаат. Се очекуваат промени на власта во Македонија на слободни, фер и демократски избори.

Каква е економската состојба во земјава најдобро покажува податоците дека 10 илјади фирми се затворени а секоја трета е со блокирана сметка, дека над 180 илјади граѓани во Македонија живеат со по 40 денари на ден, над 500 илјади граѓани живеат на прагот на сиромаштијата…

Поради „дил-ориентед“ политиките на Груевски, 626.312 граѓани заминале од Македонија, пред се млади, образовани луѓе.

Зошто Богов не ги праша медиумите на уредникот Никола Груевски како тоа додека граѓаните осиромашуваат овие медиуми врат милиони евра на нивните сметки? Како истата „Република“ којашто објавува нарачани интервјуа на Богов, остварува приходи од 1,1 милион евра?

На Богов треба да му биде јасно дека државата не постои заради лично богатење на поединци коишто ја злоупотребија власта на штета на студетните, лекарите, новороденчињата, фирмите…

Државата постои за граѓаните и државата ќе се врати кај граѓаните по промените на следните фер, демократски и слободни избори“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Каранфилова Пановска: Европа е реална можност за подобар живот, но земјава е ставена во авто блокада

А1он

(ВИДЕО) Костова: Да покажеме човечност и грижа – СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани

А1он

СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ