Богов очекува подобрување на економијата во 2013

Од:

Годината што изминува, според гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов не беше толку лесна на економски план, но за наредната вели дека има подобри очекувања.

– Ќе биде година исполнета со многу предизвици, но сепак нашите очекувања се дека во наредната година ќе имаме подобри движења од аспект на економскиот раст, рече денеска гувернерот Богов.

Тој им порача на граѓаните дека можат мирно и безгрижно да ги поминат новогодишните и божикните празници. Народната банка, вели, е тука будна ги следи сите движења во домашната и светската економија и ќе преземе се што е неопходно да ги минимизира ризиците со цел да ги обезбеди основните цели – стабилни цени, ниска инфлација стабилен курс на денарот во однос на еврото и сигурност на депозитите во банките.

Клучните ризици за наредната година, како што рече, се неизвесноста која владее околу европската должничка криза, за која засега очекувањата се дека во првата половина од годината европската економија ќе биде се уште во рецесија, меѓутоа во втората половина таа полека ќе почне да излегува.

Од Народната банка не очекуваат некои позначително нарушување во банкарскиот сектор.

– Банките се сигурни со висока адекватност на капиталот и исклучително висока ликвидност, така да отпорни се и на најсилните шокови, истакна гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов.

Би можело да ве интересира

ММФ оценува дека Народната банка успешно се справува со шоковите

Катерина Ѓуровски

Народна банка: Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Советот на Народната банка на седница ги усвои Годишниот извештај и Извештајот за ризиците во банкарскиот систем за 2024 година

Величковски: Приливите од странство ќе им бидат на располагање веднаш на граѓаните и на компаниите со влезот во СЕПА

Ангеловска-Бежоска: членството во СЕПА е признание за нашата посветеност на финансиската интеграција во ЕУ, стабилноста и на модернизацијата