Богов: Нема проблем со НЛБ Тутунска, таа е една од најстабилните

Од:

Информациите коишто се шират во некои градови низ Македонија, како и на социјалните мрежи за „НЛБ Тутунска банка“ се целосно неосновани. Таа е една од најстабилните и најуспешни банки во Македонија, нагласува во пишаната изјава до медиумите гувернерот на НБРМ Димитар Богов.

Народната банка, посочува Богов, секојдневно го следи нивото на депозити во сите шеснаесет банки. Во март забрзува трендот на пораст на штедењето на населението. Конкретно, „НЛБ Тутунска банка“, исто така, има пораст на штедењето на населението и на вкупните депозити од почетокот на месецот.

– Би сакал да нагласам дека сите банки во Македонија се посебни правни лица коишто работат според македонските закони и над кои НБРМ врши супервизија. „НЛБ Тутунска банка“ е најдобрата банка во групацијата на НЛБ, не се потпира на финансирање од матичната банка, ниту може да ги одлее средствата во матичната банка. Депозитите на штедачите пласирани во „НЛБ Тутунска банка“ се пласирани во македонската економија, а не во словенечката. „НЛБ Тутунска банка“ е финансиски целосно самостојна банка. Дури и при позначајни проблеми на НЛБ во Словенија, тоа не би се одразило врз билансот на „НЛБ Тутунска банка“ и таа нормално би ги продолжила своите операции, наведува гувернерот на НБРМ Димитар Богов.

Би можело да ве интересира

Гувернерката ги прими стипендистите од ЕФА: Народната банка дава поддршка за развој на младите

Народната банка потпиша меморандум со Клубот Алпбах за унапредување на финансиската писменост

Годишен раст на зелените кредити од 26 отсто во првиот квартал од 2024 година

Народна банка предупредува за измами: Не давајте лични податоци на лица кои лажно се претставуваат

„Во каса остана само банкнота од 100 долари“: Москва Тајмс тврди известува за недостиг на девизи во банките во Русијa

A1on

НБ: Основната каматна стапка останува 6,30%, економскиот раст и инфлацијата во рамки на очекуваното