Богатите уште побогати, сиромашните се посиромашни

Од:

Нееднаквоста во светот достигна екстремно ниво, бројот на милијардери во изминатите пет години е удвоен додека мнозинството од глобалната популација осиромашува како последица на неколкугодишната финансиска и економска криза, се вели во извештајот на британската хуманитарна организација „Оксфам“.

Во март годинава во светот се евидентирани 1.645 милијардери што е двојно повеќе од 2009 година кога нивниот број бил 793. Најбогат и натаму е мексиканскиот бизнисмен Карло Слим со 80 милијарди долари, зад него е Бил Гејтс со 79, а следуваат основачот на шпанскиот бренд „Зара“ Армансио Ортега со 63 милијарди, американскиот инвеститор Ворен Бафет со 62  и првиот човек на „Оракл“ Лери Елисон со 50 милијарди долари.

„Оксфам“ пресметал дека кога би трошеле по милион долари дневно, на Слим ќе му бидат потребни 220 години, на Гејтс 218, на Ортега 172, на Бафет 169, а на Елисон „само“ 137 години.

За парите што ги имаат и со вообичаената минимална банкарска камата од 1,9 отсто, овие милијардери дневно би добивале меѓу 2,7 и 4,3 милиони долари.

„Оксфам“ претходно објави дека 85-те најбогати луѓе во светот имаат пари колку половина од глобалната популација, предупредувајќи оти продлабочувањето на јазот меѓу богатите и сиромашните може да има големи последици врз иднината на човештвото.

Околу 80 проценти од луѓето во светот живеат со помалку од 10 долари дневно, а 40 отсто од глобалната популација поседува само 5 проценти од светскиот приход.

Би можело да ве интересира

Најбогатиот човек на светот има имот од 233 милијарди долари

Најбогатиот човек на светот изгуби над 10 милијарди евра за еден ден

Ана Ололовска

Некогаш ѕвезда на Арсенал, а сега милијардер: Дури 30 пати е побогат од Кристијано Роналдо

Маск повторно е најбогатиот човек на светот

Ана Ололовска

Илон Маск симнат од тронот, најбогат човек на светот сега е Бернард Арно

Ана Ололовска

Кралицата на скапоцените камења загина на крузер, нејзиниот сеф е пронајден празен

Горан Наумовски