Бочварски и Ковачевски разговараа за забрзување на реализацијата на проектите на ЕСМ

Од:

Забрзување на динамиката на инвестициските проекти на АД ЕСМ, беше тема на денешната средба на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Како што соопшти ЕСМ, на состанокот во Министерството за транспорт беа разгледани статусите на реализација на повеќе проекти за кои е потребна документациска и урбанистичка поддршка од Министерството, а кои пред се’, се однесуваат на инвестиции во обновливи извори.

-На средбата стана збор за проектите за фотонапоските електрани во Осломеј, проширувањето на ветерниот парк Богданци, Топлификација на Битола, Новаци и Могила, проектот Чебрен, како и околу наследените правни проблеми со новата деловна зграда на АД ЕСМ и неможноста поради истите објектот да се стави во употреба. Утврдена е и насока за поинтензивна комуникација меѓу двете институции со цел предвидување на потребните активности во надлежните акти на Министерството заради навремена подготовка на теренот за идните планирани инвестиции, стои во соопштението од АД Електрани на Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Левица: Владата кажа дека нема да го помага ЕСМ – цехот ќе го плаќаат граѓаните со поскапо парно

ЕСМ бара нова, повисока цена за парното

Горан Наумовски

Случајот „Адитив“ не е единствениот криминал во АД ЕСМ, вели Мицкоски

ЕСМ: Денеска се исклучени „Битола 1“ и „Битола 2“

Коњановски: Епскиот криминал кој се случувал во електроенергетскиот систем бил помогнат од раководството на СДС

Горан Наумовски

Поранешниот директор на ЕСМ Васко Стефанов спорведен во Кривичен суд