БМВ Серија 3 Гран Туризмо

Од:

Германскиот производител на автомобили БМВ официјално го претстави моделот Серија 3 Гран Туризмо.

БМВ Серија 3 ГТ ќе дебитира на Саемот на автомобили во Женева. Станува збор за комбинација на седан со спортски и динамични гени со практичноста на туринг верзијата.

Моделот со својот лик потсетува на Серија 5 ГТ, но дизајнерите успешно „омекнале“ некои линии со што овој хечбек добива покохезивен изглед.

Основни карактеристики на дизајнот се истакнатата предна маска, прозорците без рамки и покривната линија што паѓа до крајниот дел на возилото. Серија 3 ГТ е опремен со активен спојлер на задниот дел, кој автоматски се активира при брзина поголема од 110 километри на час и се спушта при брзина под 70 километри на час.

Серија 3 ГТ доаѓа во три нивоа на опременост Спортски, Луксузен и Модерен пакет. Достапен е и М пакетот, кој доаѓа со аеродинамичен надворешен изглед, спортска суспензија и 18 инчни тркала.

Во понудата се достапни два 2,0 литарски ТвинПаур Турбо дизел мотори со 143 и 184 коњски сили и два 2,0 литарски ТвинПаур Турбо бензински агрегати со 184 и 245 коњски сили.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on